AhlulBayt News Agency

source : Leader.ir
Thursday

24 December 2015

3:50:44 PM
726718

Full Text;

Second Message of Ayatollah Khamenei to the Western Youth in Macedonian

Second Message of Ayatollah Khamenei to the Western Youth in Macedonian.

Порака Ајатолахот Хаменеи до сите млади луѓе во западните земји



Во името на Господ Милосен и Премилосен

До сите млади луѓе во западните земји

Горчливите настани на слепиот тероризам што се случија во Франција ме поттикнаа пак да ви се обратам вам, на младите луѓе. Жал ми е што токму таков настан е повод за ова обраќање, но факт е дека штетите ќе бидат повеќекратни доколку болните прашања и настани не станат поттик за изнајдување решенија и предтекст за заедничко промислување. Страдањето на секој човек на било која точка од овој свет само по себе му нанесува болка на секој припадник на човековиот род.

Глетката на дете што издивнува пред очите на своите најмили, мајка чија семејна веселба е претворена во жалост, маж кој ни сам не знаејќи како трча носејќи го на раце безживотното тело на својата сопруга, набљудувач кој ниту самиот не е свесен дека за неколку мигови ќе го види последното дејствие на својата драма што се именува живот – тоа се глетки кои без друго мораат да предизвикаат чувства во човекот. Секој кој во себе има само трунка љубов и човечност е погоден и ожалостен, без оглед на тоа дали тие глетки се случуваат во Франција, Палестина, Ирак, Либан или Сирија. Сигурно е дека такви чувства има секој од милијарда и петстотини милиони муслимани и дека тие ги презираат извршителите и поттикнувачите на овие трагедии, оградувајќи се од нив. Меѓутоа, работата е во тоа што денешните страдања и сочувства ќе бидат само јалови горчливи спомени ако не придонесат кон изградба на подобро и посигурно утре. Верувам дека само вие, младите луѓе, ќе бидете во состојба да извлечете поука од денешните непријатности и ќе пронајдете патишта кон изградба на подобро утре, запречувајќи ги кривите патишта кои Западот и го довеле во состојба во која денес се до наоѓа.

Точно е дека тероризмот денес е наша заедничка болка, ваша и наша, но треба да знаете дека помеѓу несигурноста и стравот кои неодамно ги доживеавте и страдањата кои народите во Ирак, Јемен, Сирија и Авганистан ги поднесуваат веќе подолга низа години постојат две клучни разлики. Првата разлика се состои во тоа што исламскиот свет е жртва на ширење страв и насилтво на многу поширок план, во многу поголеми размери и сето тоа трае многу подолго. Втората разлика, пак, е во тоа што, за жал, овие насилства, на различни начини, делотворно и константно биле и се потпомагани од големите сили. Денес веќе е мал број на оние што не знаат дека Соединетите Американски Држави имале улога при основањето, јакнењето и наожувањето на Ал Каида, талибаните и нивните срамни продолжетоци. Покрај таа директна поддршка, очевидните и познати поддржувачи на текфирискиот тероризам, и покрај тоа што станува збор за најретроградни политички системи, секогаш се наоѓаат во редовите на сојузниците на Западот, додека во исто време се настојува во регионот да се задушат најнапредните и насветли идеи кои произлегле од динамичните демократски процеси. Двоен пристап кон движењето за будење во исламскиот свет е јасен пример на противречието во политиката на Западот. Другата страна на медалот е поддршката на државниот тероризам во Израел. Обесправениот и угнетениот народ на Палестина веќе шеесет години доживува најлош вид тероризам. Народот на Европа во овие неколку денови побара засолниште во четирите ѕида на своите домови, избегнувајќи го престојот на јавни места, собиралишта и центри каде престојува голем број луѓе, но едно палестинско семејство со децении е несигурно и во својот сопствен дом бидејќи се наоѓа во дометот на машина за убивање и деструкција со која управува ционистичкиот режим. Дали има денес посвирепо насилство од она што ционистичкиот режим го спроведува со изградба на населбите. Не наоѓајќи се никој пат на удар од сериозна и делотворна критика на своите влијателни сојузници или барем од формално независните меѓународни институции, тој режим ги урива палестинските домови и ги уништува нивните полиња и бавчи, не позволувајќи му на клетиот народ да го понесе со себе ниту своето скромно покуќство и да ги собере плодовите од своите посеви. И сето тоа најчесто се случува пред очите на расплаканите и престравени жени и деца додека гледаат злоставување и телесно насилство врз своите најмили членови на семејство кои понекогаш ги одведуваат дури во своите злогласни казамати. Дали во современиот свет знаете за свирепост која по својот обем, количина и временско траење би можела да се спореди со тоа? Како да се нарече пукањето во жена на сред улица само затоа што вербално изразила протест кон до заби вооружениот војник? Што е тоа ако не тероризам? Овој варваризам не може да се нарече екстремизам веројатно само поради тоа што го вршат вооружените сили на една окупаторска влада? Или можеби овие слики повеќе не завредуваат будење на нашата совест само поради тоа што веќе шеесет години ги гледаме на своите телевизиски екрани?

Воените инвазии врз исламскиот свет во последниве години, со безбројни жртви, се уште еден пример на контрадикторната логика на Западот. Нападнатите земји, покрај човечките жртви, ја изгибиле и својата економска и индустриска инфрастуктура; нивниот развој или наполно е зауставен или забавен, а во некои случаи и вратен за децении назад. И покрај сето тоа од нив безобѕирно се бара да не ја констатираат својата обесправеност. Како една земја може да се претвори во голема урнатина, нејзините градови и села да се срамнат со земја, а тогаш да ѝ се каже: Ве молиме немојте да мислите дека сте угнетени и обесправени! Зарем искрено извинување не е подобро од апел за игнорирање и заборавање на трагедии кои им се случија на тие луѓе? Болката и душевната мака која годиниве исламскиот света ја има почувствувано поради дволичноста и мимикријата на своите напаѓачи навистина не е помала од причинетата материјална штета.

Драга младино,

Се надевам дека вие, денес или утре, ќе го промените тој со хипокризија извалкан менталитет, менталитет чија вештина се состои во скривање на долгорочните цели и разубавување на злобните намери. По мое мислење, првата фаза во создавање мир и сигурност е менување на менталитетот кој произведува насилство. Додека во политиката на Западот доминираат двојни мерила и додека тероризмот во очите на неговите моќни спонзори се дели на добар и лош, додека интересите на владите имаат предимство пред хуманите и етички вредности, не е потребно на други места да ги бараме корените на насилството.

За жал, тие корени низ долга низа години навлегле и во длабочините на културните политики на Западот создавајќи тивка и „мека" агресија. Повеќето земји во светот се гордеат со својата автохтона, домашна и национална култура. Станува збор за култури кои со моќта на своето созревање и плодност ги хранеле човековите заедници. Исламскиот свет во таа смисла не претставува никаков исклучок. Меѓутоа, во современоста, западниот свет, со софистицирани средства, инсистира на културното клонифицирање и унификација на светот. Сметам дека наметнувањето на западната култура на другите народи и обезвредување на одделните независни културни обрасци е мошне штетно, дека тоа е тивко насилство.

Понижувањето на богатите култури и навредата/осквернувањето на навните најпочитувани елементи се случува во ситуација во која сурогат култура воопшто нема капацитети за соодветна алтернација. „Агресивноста" и „моралниот промискуитет", на пример, се претворија, за жал, во два главни елементи на западната култура, редуцирајќи го нејзиниот кредибилитет и пифатливост дури и во нејзните лулки. Сега се поставува прашање: Дали ние сме „грешни" затоа што не ја сакаме агресивната/воинствената, вулгарна култура која е надвор од секој вид духовност? Ќе бидеме ли инкриминирани ако ѝ се спротивставиме на деструктивната поплава која во вид на разни псеудоуметнички изрази се урива врз нашата младина? Не ја порекнувам важноста на културните врски. Тие секогаш го поттикнувале развојот, созревањето и заемното збогатување, но само ако се остварувани во природни околности, во атмосфера на почитување на заедницата која е предмет на такви влијанија. Во противно, нехармоничните, наметнати врски предизвикуваат неуспех и штета. Со крајно жалење морам да истакнам дека презрените групи како што е ИСИЛ (таканаречената Исламска држава) се плод на такви неуспешни „бракови" со увозните култури. Ако проблемот навистина би бил само заради доктринарна/теолошка природа, тогаш таквите појави во исламскиот свет би морале да постојат и пред колонијалниот период, но историјата на исламскиот светот сведочи спротивно. Доверливите историски документи јасно покажуваат како средбата на колонијализмот со едно отфрлено екстремно мислење, и тоа во срцето на едно бедуинско племе, го посеала семето на радикализмот во овој регион. Како, во спротивно, од една од најетичните и најхуманите религиски идеи во светот - во чиј темелен текст убивањето на еден човек е поистоветено со убивање на целото човештво – би можел да никне таков отпад како што е ИСИЛ?

Треба, понатаму, да се запрашаме зошто луѓето родени во Европа и интелектуално и духовно одгледани во европското окружение ги привлекуваат таквите групи? Дали е возможно да поверуваме дека тие луѓе по едно или две патувања во воените подрачја наеднаш постануваат така екстремни што се подготвени со куршуми да ги изрешетаат своите сонародници. Сигурно не може да се пренебрегне ниту едноживотната нездрава културна храна во контаминираното окружение кое раѓа насилство. Во врска со тоа би требало да се направи опфатна анализа која би ги разоткрила скриените и отворените контаминираности на општеството. Можеби длабоката омраза во срцата на одделните слоеви на западните општества во текот на годините на економскиот и индустрискиот расцут, како последица на нееднаквости, а понекогаш и правна и структурална дискриминација, предизвикала комплекси кои сега од време на време на болен и маничен начин го покажуваат своето лице.

Во секој случај, вие сте тие што треба да ги одгрнете површинските слоеви на своите општества, да ги пронајдете јазлите на притаената омраза, да ги одврзете и да ги отстраните. Расцепите треба да се пополнуваат, пукнатините да се поправаат, а не дополнително да се придонесува кон нивното продлабочување. Голема грешка во борбата против тероризмот се избрзани реакцији кои придонесуваат кон понатомашното разединување. Секоја избрзана и пребрзана постапка која предизвикува изолација, застаршување и страв кај муслиманите во Европа и Америка, милиони активни и одговорни членови на општество во кое живеат, секоја постапка која би го предизвикала нивното додатно обесправување и општествена маргинализација, не само што нема да го реши проблемот туку ќе ги продлабочи раздалечините и ќе ги прошири нетрпеливостите. Доколку се легализираат и се легитимизираат повшните и афективни решенија, тоа ќе ги зголеми постојните поларизации, а покрај тоа ќе ги отвори патиштата кон новите кризи. Ништо повеќе. Според достапните известија, во некои европски земји се донесени прописи кои ги поттикнуваат граѓаните кон следење и шпионирање на нивните муслимански сограѓани. Таквите однесувања се неправедни, а сите знаеме дека неправдата, сакале или не, по својата природа има ефект на бумеранг. Муслиманите, пак, не заслужуваат таков вид неблагодарност. Западниот свет добро ги познава муслиманите со векови. Од времето кога западњаците биле гости на исламското подрачје, меркајќи го богатството на своите домаќини, или кога Западот бил домаќин на муслиманите, искористувајќи го нивниот труд и мислење - од муслиманите добиле главно само љубезност, благонаклонетост и стрпливост.

Затоа би сакал вие, младите луѓе, врз основа на сознание, со силата на длабокоумност и поучени од непријатните искуства, да ги удрите темелите на исправна, чесна и достоинствена интеракција со исламскиот свет. Во тој случај во блиската иднина ќе видите како зградата изградена врз тие темели со својата сенка на доверливост и поверение ќе направи ладовина за своите градители, ќе им подари топлина на мир и сигурност, а на целиот свет ќе му го осветли патот кон подобра иднина.



Сејед Али Хаменеи
29.11.2015. година / 8. азар 1394.